Грција предлага нов сет реформски мерки

Грција предложила на своите кредитори нови мерки за реформи кои ќе обезбедат приходи на државата од околу една милијарда евра, објави Имерсија, пренесе МИА.

Тоа се случило во рамки на Европската работна група, која вчера и денеска разгледува прашања за реформските мерки на Атина.

Не е прецизирано што содржат тие мерки. Тие биле вон списокот со реформи од 26 странички претставен минатиот месец од министерот за финансии Јанис Варуфакис по барање на европските партнери на Грција.