Грција предупредена од можни терористички напади

Грција е меѓу земјите на ЕУ кои Европол ги стави во состојба на готовност поради можни терористички напади со автомобили-бомби од страна на џихадистите, соопшти анонимен претставник на грчката полиција, јави МИА.

Државната новинска агенција АНА-МПА информира дека предупредувањето било издадено во саботата и е во сила до 17 јануари.

Тоа вклучува и еден или повеќе од седуммината џихадисти чии имиња и фотографии ги објавил Европол по терористичките напади во Франција. Европската полициска агенција побарала од сите членки на ЕУ да ја известат ако кој било од нив помине низ граничните контроли и да бидат во состојба на готовност доколку го направат тоа.

Според информациите,џихадистите биле обучени во Јемен и имаат врски во Либан, Саудиска Арабија и Русија.