Грција преговара со ММФ за прекин на финансиската помош

Грција почна преговори за прекин на програмата за помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но ММФ ќе продолжи да ги извршува редовните контроли и по завршување на програмата, изјави неименуван претставник на грчкото Министерство за финансии, објави МИА.

– Се’ е на маса. преговорите почнаа. ММФ е позитивно расположен, бидејќи верува дека придонел за напредокот на Грција – истакна грчкиот извор.

Тој по средбата со шефицата на ММФ, Кристин Лагард наведе дека ММФ ќе продолжи со контролата.