Грција: Пренесувањето на мигрантите од Идомени се одвива без проблеми

Oперацијата за евакуација на импровизираниот камп за мигранти и бегалци и во Идомени на грчко-македонската граница, што започна во раните утрински часови се одвива без проблеми, јавуваат тамошните власти, пренесува веснкот „Катимерини“.

Полицијата досега успеала да пренесе 800 мигранти од кампот вфо Ц ентрите за сместување во околината на Солун,

Говорејќи за ТВ Мега утрово, владиниот портпарол за менаџирање на бегалската криза Ѓоргос Киритсис велин дека целта е кампот во кој престојувале околу 14.000 мигранти да биде испразнет до следната недела. Тој вели дека 2.500 лица веќе биле пренесени во текот на изминатата недела.

Според властите, моменталните капацитети мже да вдомат околу 6.500 лица, а повеќе центри за прифаќање ќе бидат изградени за да ги прифатат лицата од Идомени.