Грција привремено го сопре превозот на мигранти од грчките острови кон Атина

Грција времено го запре транспортот на мигранти и бегалци со фериботи од островите со цел да го олесни застојот на протокот на бегалци на копното, соопшти грчкиот министер за поморска трговија Теодорос Дрицас, пренесува МИА.

Не сакаме да се создаде нерешлива ситуација на островите. Ова е само привремена мерка, изјави Дрицас за телевиизја Мега.

Грција привремено го сопре превозот на мигранти од грчките острови кон Атина
Грција привремено го сопре превозот на мигранти од грчките острови кон Атина

Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката Влада продолжува да бара повеќе места за привремено сместување на мигрантите.

Министерот за одбрана Панос Каменос рече дека пет напуштени воени локации во северна Грција ќе се пренаменат во кампови за вкупно 4.000 лица.