Грција сака имплементација на спогодбата меѓу Турција и ЕУ за мигрантите

Музалас предупреди на можноста Грција да се најде во тешка ситуација доколку договорот не успее. Тој призна дека поради бавната реализација на договорот, грчките острови се повеќе се  трупаат со мигранти, а тоа создава тешкотии.

– Финансиската помош, што ЕУ одлучи да и ја даде на Грција, треба да биде доставена директно, а не преку Високиот комесаријат на ОН за бегалци. Бројот на вратени мигранти во Турција треба да е поголем од сегашниот. Грција,заедно со ЕУ, во моментов ги разгледува прифатните центри и структури што се предвидени да бидат изградени за мигрантите во континенталниот дел на земјата, појасни грчкиот министер.

Според податоците со кои тој располага, бројот на имигранти на грчка територија во моментов изнесува 54.000.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.