Балкан

Грција се откажува од нови приватизации

Грција се откажува од нови приватизации

Владата на Грција планира да се откаже од спроведување нови приватизации, изјави грчкиот министер за економија, инфраструктура, трговска морнарица и туризам Јоргос Статакис, пренесува МИА.

– Планираме да не вршиме нови приватизации, изајви Статакис по средба со британскиот амбасадор во Атина, Џон Кирмар.

Статакис го информирал британскиот дипломат за приоритетите на неговото Министерство, за идејата за создавање национална стратешка референтна рамка, како и за плановите за приватни и јавни инвестиции.

Според грчките медиуми, Статакис нагласил дека една од основните цели на неговото Министерство е проаноѓање на нови извори за финансирање на инфраструктурни проекти.

фото: abc