Грција се уште не побарала помош од ММФ

Меѓународниот монетарен фонд не може да ја разгледува третата финансиска помош се додека Атина не ја побара, соопшти портпаролот на фондот, кој додаде дека Грција се уште не побарала помош од ММФ.

Рајс потенцира дека шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција можеби нема да им се приклучи на претставниците на другите две институции од кредиторите кои викендов пристигнуваат во Атина каде ќе почнат разговорите со грчките власти за третата финансиска помош од 82 до 86 илијарди евра.

Тој исто така, додаде дека ММФ мора прво да направи детална проценка на финансиите и економијата на земјата, пред да може да започне преговори за финансии.

 

Преговарачите денес пристигнуваат во Атина.