Грција се закани дека ќе ги блокира одлуките на самитот на ЕУ

Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада
Ципрас e „најсиромашен“ во грчката Влада

Грција се закани дека ќе ги блокира одлуките од претстојниот самит на ЕУ посветен на миграцијата доколку поделбата на товарот од бегалската криза не биде задолжителна за сите држави членки, пренесува „Танјуг“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека од сега Грција нема да прифаќа компромиси додколку сите нејзини партнери не бидат приморани да учествуваат пропорционално во префрлањето и разместувањето на бегалците.

Висок владин претставник, кој инсистирал на анонимност појаснил дека Ципрас конкретно мислел на самитот закажан за 7 – ми март што ќе биде посветен на миграцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.