Грција склучи договор со претставниците на своите доверители

Грчката влада објави во саботата дека постигнала договор со претставниците на своите доверители во рамката на третата ревизија на сегашната програма за меѓународната финансиска помош на оваа земја, кои ќе ја одредат исплатата на следната транша од заемот.

„Постигнавме договор со претставниците на институциите за сите теми“, изјавил за новинарите во саботата грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалотос.

Министерот за финансии и министерот на економијата Јоргос Статакис од вторникот во Атина разговараа со претставниците на Европската унија, Европската централна банка (ECB), Меѓународниот монетарен фонд (IMF) и Европскиот механизам за стабилност (MES).

За да добие зелено светло од доверителите за деблокирање на заемот, Грција мораше да се обврзе дека ќе ги исполни во декември 95-те преземени обврски, особено реформата на јавните служби и социјалната заштита, либерализација на пазарот на енергија и забрзува на приватизацијата на државните компании.

Заклучокот од третата процена на грчката програма е предвидена за состанокот на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната) на 22-ри јануари и би требало да го отвори патот за новата транша од кредитот за оваа презадолжена земја, под услов грчкиот парламент да ги усвои реформите.

Грција од 2010 година живее од меѓународните кредити на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд низ три програми, во замена за сѐ поострите мерки за штедење. Грција со ММФ и ЕУ преговара за економските реформи кои мора да се спроведат пред доверителите да ѝ исплатат транша која е дел пакетот помош в вредност од 240 милијарди евра, и над 110 милијарди евра отпишани долгови од приватните доверители.

Третата програма за помош кој го финансираат земјите членки на ЕУ, но не и ММФ трае до август 2018 година и Атина се надева деча потоа ќе се сврти кон пазарите за самата да се финансира. Тој пакет за спасување на презадолжената Грција, е дел од реформите на чие спроведување се обврза левичарската влада, а важни се за новата, третата по ред, програма од надворешната помош која изнесува дополнителни 86 милијарди евра.