Балкан

Грција следната недела ќе избира претседател

Грција следната недела ќе избира претседател

Процедурата за избор на нов претседател на Грција е одложена за следната недела, а најверојатно за време на викендот ќе стане познато името на кандидатот за таа функција, кој ќе биде предложен од владејачката партија СИРИЗА, објави МИА.

Процедурата беше планирана за денеска, но поради критичните преговори на Владата со меѓународние кредитори е одложена за следната недела.

Досега како фавроит се спомнува грчкиот еврокомесар Димитрис Аврамопулос и се претпоставува дека неговата кандидатура ќе биде поддржана и од десоцентристичката партија Нова демократија.

Согласно Уставот, претседателот го избира Парламентот во најмногу три круга гласање, во период од пет дена. За негов избор во првите два круга се потребни 200 гласови од вкупно 300 пратеници, а во третиот 180.

Грција кон крајот на минатата година остана без претседател, откако Парламентот не успеа да избере шеф на државата, што беше причина и за вонредните парламентарни избори на 25 јануари.