Балкан

Грција со нов даночен закон

Грција со нов даночен закон

Новиот даночен закон на Грција најверојатно ќе биде доставен за разгледување во Парламентот оваа недела. Текстот вклучува клаузули што треба да им помогнат на властите да се справат со голем број нерешени проблеми, пишува весникот „Катимерини“.

Меѓу предвидените мерки во се и зголемувањето на минималната плата и пензија.

Владата и техничкиот тим на земјите кредитори сепак се’ уште не постигнале согласност во врска со данокот на добивка од продажба на имот, што доведе до замрзнување на пазарот на недвижности .