Грција: Спасувачка акција на 60 имигранти

Грчката крајбрежна стража денеска почна спасувачка операција на илегални имигранти источно од островот Родос, пренесе МИА.

Крајбрежната стража била алармирана откако почнал да тоне чамец во кој имало 60 луѓе.

Во меѓувреме, други 207 имигранти биле откриени и спасени од грчката крајбрежна стража во реон на три острови во источниот дел на Егејско Море.

Грчките владсти предупредија дека во последните неколку дена се зголемил бранот на илегални имигранти кон бреговите на Грција.