недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Грција трага по брод со околу 200 мигранти покрај островот Крит

Танкер, кој плови под грчко знаме и товарен брод со панамско знаме, кои биле во близина на таа област се насочени кон местото на околу 80 морски милји од островот Крит во територијалните води на Либија, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Лагкадианос.

Последни вести

Грција испрати два брода во потрага по бродот, кој превезувал околу 200 мигранти, а кој дал сигнал за несреќа во близина на островот Крит, пренесува БТА.

Танкер, кој плови под грчко знаме и товарен брод со панамско знаме, кои биле во близина на таа област се насочени кон местото на околу 80 морски милји од островот Крит во територијалните води на Либија, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Лагкадианос.

Тој нагласи дека патник испратил сигнал за трегова, кој бил добиен од крајбрежната стража.

– Се уште ништо не сме забележале, додаде портпаролот.

Грчката крајбрежна стража соопшти претходно денеска дека следи брод, за кој се смета дека има проблеми и кој превезува голем број мигранти во меѓународните води јужно од Крит.

Најчитани вести