Грција треба да се подготви за подолг престој на бегалците

Грција треба да се подготви за долг престој на бегалците на нејзина територија, изјави денеска портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, таа додаде дека имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција „создава правен коридор за бегалците кон Европа“.

– Владата спроведува се што беше договорено и се бори со цел договорот да се почитува од сите страни, истакна Геровасили.

Во меѓувреме, околу 50 бегалци денеска ја блокираа железничката линија меѓу Грција и Македонија, кај Идомени. Тие изјавиле дека ќе останат на пругата се додека не се отвори границата кон Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.