Грција: Три лица се уапсени во рамките на истрага за голема банкарска измама

Двајца поранешни менаџери на поранешната Поштенска банка во Грција и еден голем бизнисмен се уапсени во рамките на истрагата за банкарска измама, пренесе „АФП“.

Грчките власти продолжуваат да трагаат по уште лица осомничени за пренасочување на средства преку необезбедени банкарски заеми доделени од поранешната државна Поштенски банка, која во текот на летото беше откупена од „Еуробанк“.

Поради недостигот на гаранции за кредити, издадени по 2000-та година, банката изгубила над 400 милиони евра .

Најмалку седум потерници се издадени во рамките на случајот.