Балкан

Турција и нуди помош на Грција за излез од кризата

Турција и нуди помош на Грција за излез од кризата

Турција и понуди помош на Грција, која се соочува со банкрот, изразувајќи подготвеност за разгледување на секој предлог за соработка меѓу двете држави.

Ние сакаме Грција да биде силна, подготвени сме да помогнеме Грција да излезе од економската криза, преку соработка во туризмот, енергетиката, трговијата, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу во обраќање пред пратеници од неговата партија.

Ќе воспоставиме контакт со Грција со цел да организираме средба за соработка на високо ниво, веднаш откако тоа ќе биде можно, со цел да ги разгледаме заедничките мерки за финансиската криза, со која се соочува Грција, истакна тој.

Двајцата претседатели на про-курдската Демократска партија на народите, која е блиска до владејачката во Грција Сириза, денеска потврдија солидарност со грчкиот народ и неговата влада.

Односите меѓу Грција и Турција сепак остануваат тензични поради спорот околу кипарското прашање.