Балкан

Грција: Уапсена жена поврзана со Исламска држава

Грција: Уапсена жена поврзана со Исламска држава

Грчката полиција уапсила жена за која се претпоставува дека е поврзана со Исламска држава, информира атинскиот весник „Етнос“.

Жената, која имала швајцарско и египетско државјанство, била уапсена на граница, при обид да влезе во Турција заедно со својот четиригодишен син. Таа била приведена од полицијата во северногрчкиот град Александруполис, бидејќи за неа имало црвена потерница за апсење, издадена од Интерпол.

Сопругот на посочената жена изјавил дека таа го грабнала нивното дете и избегала од домот за да војува на страната на Исламска држава во Сирија.