Грција: Уништена пакет – бомба

Во полициска станица во градот Итеа, 180 километри западно од Атина, уништена е пакет – бомба која била исполнета со клинови и навртки.

Бомбата била означена како пакет со книги со верска содржина, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес.

Уништување на бомбата го направиле експерти за неутрализација на експлозивни направи со предизвикување на контролана експлозија.

Истрагата за овој случај ја спроведува грчката антитерористичката служба која упатила апел да и’ бидат доставени евентуални информации за позадината на овој инцидент. Во минатото милитантни и анархистички организации во Грција извршиле повеќе напади со пакет – бомби, вклучувајќи и низа напади во 2010 година одговорноста и’ се препишува на грчката организација „Заговор на огнените келии“. Еден таков пакет стигна дури и до германската канцеларка Ангела Меркел.