Грција: Условна казна затвор за пребеганите турски офицери

Условна казна од два месеци затвор им изрече грчкиот суд денес на осумте турски офицери кои со хеликоптер побегнаа во Грција по неуспешниот воен преврат во Турција.

Француската агенција АФП потсетува дека  официрите што Турција бара да бидат екстрадирани за да им суди воениот суд поради обидот за пуч, побарале азил во Грција.

Тие ќе останат во притвор до судското рочиште на кое што ќе се разгледува нивниот случај.

Сите официри добиле иста казна, при што судот во Александрополис за време на изрекување на казната ги усвоил олеснителн ите околности, прифаќајќи дека тие дејствувале под закана.

Пилотот на хеликоптерот е истовремено ослободен од обвинението дека ги прекршил прописите за летање.

Турција бара испорачување на осуммината припадници на нејзината армија, но офицерите негираат дека учествув але во обидот за воен преврат и побарале азил во Грција тврдејќи дека стравуваат за нивната безбедност во времето на „чистката“ што турските власти ја спроведуваат по неуспешниот обид за воен преврат.