среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 4

Грција ви е скапа – Погледнете ги цените во Хрватска

Големите поскапувања во Грција не ги одвратија туристите да се упатат кон нашиот јужен сосед.

odmor

Последни вести

Големите поскапувања во Грција не ги одвратија туристите да се упатат кон нашиот јужен сосед.

Со последните поскапувања еден леб во Грција чини од 70 центи до 1, 20 евра, а литар млеко од 1 до 2, 5 евра, а „Слободна далмација“ пренесува како се движат цените во рестораните во туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Ровињ, па до Дубровник.

  • појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)
  • обична пица – 90 куни (12 евра)
  • салата со туна – 115 куни (15.30 евра)
  • порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)
  • капучино – 35 куни (4.70 евра)
  • нескафе – 40 куни (5.30 евра)
  • 200 мл точено пиво – 18 куни (2.40 евра)
  • зелена салата – 60 куни (8 евра)
  • чаша домашно вино – 35 (4.70 евра)

Весникот пишува дека не треба да ве чуди ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќиво некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени.

Најчитани вести