Грција: Привремената влада положи заклетва, избори на 20-ти септември

Грција: Привремената влада положи заклетва
Грција: Привремената влада положи заклетва

Привремената Влада на Грција, предводена од првата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва. Покрај тоа претседателот на државата Прокопис Павлопулос потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20-ти сепември.

Повеќето членови на привремената Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.

Закажана првата седница на новиот кабинет

За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.

Новите членови на грчката Влада положија заклетва
Новите членови на грчката Влада положија заклетва

Министер за надворешни работи во новата Влада ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за административни реформи Михалис Спурдалакис, за цивилна заштита Андонис Макридимитрис, за култура Марина Ламбраки-Плака, за правда Димитрис Папангелопулос, за економија Никос Христодулакис, за образование Фросо Киау, за транспорт Христос Зоис, за труд Димитрис Мустакас, за туризам Алкистис Протопсалти, за здравство Атанасиос Димопулос, за борба против корупцијата Панајотис Николудис, додека портпарол на Владата ќе биде Родолфос Моронис.

Откако на 20 август кабинетот на Ципрас поднесе оставка, претседателот на државата согласно Уставот додели пробни мандати за формирање влада. Обидите беа неуспешни и претседателот ја назначи претседателката на Врховниот суд, Тану за времен премиер, кој ќе управува со земјата до изборите.

Избори во Грција на 20-ти септември

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска потпиша декрет за распуштање на Парламентот и одржување на вонредни избори на 20 сепември, јави МИА, повикувајќи се на грчката новинска агенција АНА-МПА.

Избори во Грција на 20-ти септември
Избори во Грција на 20-ти септември

Со декретот е предвидено седница на новиот состав на парламентот да биде одржана на 1. октомври.