Грција воведува данок на летување

Владата на Алексис Ципрас размислува за воведување на нов данок на скапи летувања во луксузните хотели , со цел да се одбегне зголемување на данокот на додадена вредност на грчките острови кои се главна туристичка дестинација, а на што инсистира Брисел.

Владата на Грција интензивно се обидува да се доближи до ставовите на европските кредитори, па затоа сега се бара нов вид на данок кој би бил добар за Брисел ,но не и за туристите.

Техничките екипи на тн. Бриселска група и во следните два дена ќе продолжат да го разгледуваат пакетот на грчките реформи чие усвојување е услов за добивање на ветениот кредит од 7,2 милијарди евра.