Грција за најмалку 20 години може да се врати на нивото пред кризата

Грција може да излезе од 6-годишната рецесија, но за најмалку 20 години вработеноста ќе може да се врати на нивото од пред кризата, објави денеска Меѓународната организација на трудот.

Серија препораки може да го забрзаат процесот за околу осум години, изјави претседателот на Организацијата.

Директорот на Меѓународниот институт за социјални истражувања во МОТ Рејмон Торес, наведе нови предлози од извештај претставен денеска во Атина. Во нив се итни мерки, меѓу кои и програма за вработување млади вредна една милијарда евра и подобрени услови за трговски кредити, како и структурни реформи.

Невработеноста во Грција во моментот е 26 отсто, а повеќето невработени немаат работа повеќе од една година