Еве како пропадна Грција: Најголем дел од жителите на Закинтос се слепи?!

Како пропадна Грција: Најголем дел од жителите на Закинтос се слепи!?

Книга на новинар на „Вол стрит журнал“ открива голем обем на корупција и криминал во Грција каде што лежат одговорите на прашањето: Како пропадна Грција?

Кога ове денови гледате слики од Грција која е на работ од пропаста, тешко е да не сочувствувате со пензионерите кои плачат пред банките, со родителите кои бараат храна за своите деца во празните супермаркети.

Сепак, оние кои ја прочитале книгата на Џејм Ангелос „The Full Catastrophe: Travels among the New Greek Ruins“, која открива колку всушност корупцијата се вовлекла во сите пори на грчкото општество – од мештаните на малиот остров кои се претвараат дека се слепи за да добијат разни бенефиции, до „сиромашни“ лекари кои пријавуваат мала заработувачка, а живеат во најелитните квартови на Атина, веројатно имаат поинаков поглед на ситуацијата во Грција.

Остров на слепите

foto: thinkstock

Тоа што Анџелос го видел, го навел да се посомнева во сопствениот вид, бидејќи жителите на Закинтос нормално возеле автомобили и речиси никој од нив не носел очила за сонце.

Се испоставило дека да се биде слеп во Грција носи бројни бенефиции- 724 евра помош секој втор месец, како и попусти на разни други работи.

„Слепите од Закинтос“ ја чинеле државата дури девет милиони евра.

Лажни инвалиди

foto: thinkstock

Колку е голем проблемот со слични измами кратко и јасноодговорил заменикот министер за здравство, Маркос Боларис – многу голем.

Боларис кажал дека министерството повикало на службен преглед голем број пријавени инвалиди за да се увери дали навистина се инвалиди. Од нив 36.000 воопшто не дошле на преглед. Ова е добр пример, бидејќи се одземени пензиите на тие кои не дошле на преглед, па државата автоматски заштедила околу 100 милиони евра годишно.

Малверзации со пензиите

Потоа се јавил и проблем со пензиите. Владата забележала сомнителна цифр од 8.500 пензионери кои имале повеќе од 100 години. Кога го „прочешлале“ пензискиот истем откриле 40.000 лажни пензионери.

Сиромашна земја со многу богати луѓе

 foto: thinkstock

Според податоците од 2011 година во грчкиот даночен систем постојат само 5.000 луѓе кои заработуваат повеќе од 90.000 евра годишно, поради што економистите Грција иронично ја опишуваат како „Сиромашна земја со многу богати луѓе“.

Имено улиците се полни со луксузни вили и базени, додека докторите и бизнисмените официјално заработуваат помеѓу 8.500 и 12.000 евра.

Од сопствениците на вили 300 пријавиле дека имаат базени и за тоа уредно платиле данок, но фактите говорат дека базени имаат повеќе од 20.000 вили.

Кога Ангелос му кажал на еден државен службеник дека државата би требало да ги казнува крадците и изманиците, добил одговор: „Тоа би значело дека пола Грција треба да заврши во затвор“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.