Грција започна операција за спречување на сириски бегалци нелегално да влезат во Албанија

Грчката полиција почна операција на границата со Албанија за спречување на сириските бегалци нелегално да влезат во соседната земја, а оттаму да се упатат кон некоја од европските држави, пренесе МИА.

Сириските бегалци изминатиот период се населуваат во импровизирани објекти во западна Грција.

Грчките власти се обидуваат да ги спречат сириските бегалци да заминат за Албанија, бидејќи често пати тие се апсени во таа земја, а потоа се враќани во Грција.

Повеќето од сириските бегалци поседуваат дозвола за шестмесечен престој во Грција, издадена од властите во земјата, но тие немаат право да се движат во пристаништата Пиреја, Патра, Игуменица и Керкира, од каде би можеле да се префрлат во друга европска земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.