сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Грците бараат оставка од Ципрас

ФОТО: АФП

ФОТО: АФП

Поврзани вести

Грците синоќа излегоа на масовен антивладин протест пред парламентот во Атина. Тие под мотото „Дајте си оставка“, побараа да си замине премиерот Алексис Ципрас и неговата влада. Се вееја грчки и знамиња на Европската Унија, се слушаа стари изјави на Ципрас пред да стане премиер кога ветува дека нема да гласа за нови мерки за штедење. Грците извикуваа „Измамници, лажговци“, „Не ве сака народот, одете си“, „Ципрас собери си го циркусот и оди си“. Велат дека се изморени од нивната политика и од начинот на раководење на Грција.

grcija

Грчките граѓани бараат Ципрас да си даде оставка или да формира влада на национален консензус.

Паралелно имаше и масовен протест пред Белата кула во Солун.

Протестите во Атина и во Солун беа органиизрани на социјалните мрежи. Демонстрантите бараа целосна промена на владината политика, реформи, излез од меморандумот за штедење, намалување на даноците и кратење на државните трошоци. Граѓанскиот протест го поддржаа  и од опозициските партии ПАСОК, Река и Нова демократија.

grcija1

Грција очекува да добие зелено светло од самитот на Еврогрупата за потребната помош од 7,5 милијарди евра, кои се очекува да бидат исплатени следната недела.

Најчитани вести