Грците бесни на Мисини што го користел уставното име на Република Македонија

Во Грција денеска одекнуваат бурни реакции по вчерашното обраќање на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Хајрула Мисини на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ.

Имено, Мисини во дискусијата постојано го користеше уставното име на Република Македонија, во присуство на грчки државници и претседателот на Парламентот.

Грчките медиуми коментираат дека Венизелос не реагирал на провокацијата од страна на македонскиот пратеник, а безгласен останал и претседателот на Парламентот  Мимаракис.

Според локалните медиуми, во грчкиот Парламент вчера за малку бил избегнат дипломатски инцидент кога Мисини ја нарече својата земја Република Македонија и го критикуваше  грчкото претседателство со ЕУ дека проширувањето не е меѓу неговите приоритети.

„Мисини ја ослови неговата земја под нејзиниото уставно име“, пишува и „То Вима“ додавајќи дека по коментарот на македонскиот претставник, „Венизелос се вратил на темата, и на дипломатски начин го вратил прашањето во неговите вистински меѓународни димензии“.

„Во врска со забелешката на нашиот драг пријател од поранешнатајЈугословенска Република Македонија: ако добро сфатив тој е од партијата предводена од господинот Ахмети , со кого имав можност да се сретнам во Атина пред неколку месеци и одржуваме. Ќе го повторам тоа што кажав претходно. Грција нема забелешки, кои се однесуваат на нешто апсурдно или нешто претерано. Ние сакаме да се исполнат општите критериуми и да се постигне договорено решение во врска со името“, го пренесуваат грчките медиуми одговорот на венизелос кој го повторил и ставот за сложено име со општа примена, кое ќе вклучува географска одредница на терминот “Македонија”.

И неофашистиката партија Златна зора се огласи во врска со настанот, а Венизелос и Мимаракис ги нарече „скитници и предавници, затоа што останале неми на провокацијата“ од страна на членот на македонскиот Парламент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.