Грците брзаат да ги извадат парите од сметките

Ризикот од банкрот на Грција расте бидејќи Грците масовно подигнуваат пари од своите банкарски сметки.

Весникот Фигаро пренесува дека Грција се наоѓа во слична ситуација како и Кипар во 2013 година, кога му се закануваше банкрот.

-Соочени со се поголемиот одлив на пари од штедните сметки на своите клиенти, грчките банки наскоро би можеле да останат без пари, што директно води кон банкрот, се наведува весникот.

Фајненшл Тајмс пишува дека минатата недела Грците само во текот на еден ден подигнале од банките меѓу 300 и 400 милиони евра за да ги сокријат на посигурни места, „под душек или на сметките во странство“.

Огромните редици пред банките во Атина потсетуваат на сличната ситуација во текот на 2010 и 2012 ситуација која беше дел од претходните епизоди на кризата која никако да заврши во Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.