Грците ќе се собираат против „Македонија“, на Синтагма

Иако беше објавено дека протестот најавен за 4 февруари во Атина,  против употребата за терминот „Македонија“ ќе се одржи во Пиреја, сепак, тој ќе се одржи на централниот атински плоштад „Синтагма“.

Пиреја беше земена како опција поради првичните стравувања за можни судири со самопрогласените анархисти со демонстрантите, што пак се случија на протестот што во неделата беше организиран во Солун.

Организаторите,  сепак, решија митингот да се одржи во недела,  пред Парламентот на плоштадот Синтагма, како што првично беше планирано.