Грците и натаму со поддршка за СДСМ и Сорос: Скопјаните фрлаа боја на статуите направени од националистот Груевски

платформа

Уништувањето на македонските споменици и други објект од проектот Скопје 2014 та, во рамките на протестите организирани од СДСМ и Сорос  и натаму наидува на поддршка во Грција.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, дел од грчките медиуми со нескриено задоволство информираат дека демонстрантите ги оштетиле спомениците изградени од владата на Никола Груевски, а најголем акцент се става на вандализирањето на портата Македонија и фонтаната Александар Македонски. Во анализа на весникот Етнос се вели дека оние што протестираат биле со прозападни ставови и контра идеологијата на “националистичкиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски”.

Луѓето излегоа на улиците со слогани за демократија и правда, најмногу млади и прозападни, кои што се чини дека многу очекуваат од Западот. Тие отворено изразуваат сомнеж во идеолошкиот арсенал на Груевски ( за антиквизацијата, како што тие ја нарекуваат ) и контроверзното претопување во античка Македонија со поставување на поплава од статуи во рамките на познатото Скопје 2014 та, пишува Етнос.

etnos fontana

Проектот Скопје 2014 та немал естетика, а бил правен со намера да се смени историјата –  грчките медиуми и македонската опозиција веќе со години излегуваат со идентични критики во однос на проектот. Оттука не е воопшто изненадување тоа што вандализирањето на објектите во Грција се следи со голем интерес и задоволство.

Демонстрантите ги уништија кич спомениците во Скопје, беше неодамнешниот наслов во весникот Прототема, под кој што авторот задоволно пишуваше за уништувањето на портата Македонија, на која што меѓудругото се наоѓале и аспекти од сонцето од Кутлеш.

Во суштина таа е апотеоза на кич, со оглед на тоа што е со структура од рамка од железо и гипс, а на неа се истакнати аспекти од 16 кракото сонце од Вергина и други иредентистички содржини, спротивно на Времената спогодба со Грција, се вели во текстот на Прототема.

Според националистичкиот весник, целта на лидерот на владејачката партија Никола Груевски била преку проектот Скопје 2014 та да ја смени историјата.

Дел од грчките медиуми потсетуваат и на рускиот став во однос на кризата во Македонија, а тоа е дека Западот сака да организира украинско сценарио во Македонија, што неодамна беше реафирмирано од страна на руското МНР.