Грците неуморно го бранат Заев: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ биле националисти, а ГДОМ анти-грчка организација

Одбрана и поддршка за Зоран Заев и СДСМ и натаму доминира во извештаите на грчките медиуми за случајот „Пуч”. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, паралелено со нападите кон премиерот и владата, се критикуваат и останатите чинители во македонското општество кои што не се согласуваат со конструкциите на опозицијата и на соросовите новинари.
Последни на удар се најдоа членовите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), кои што на средби со граѓаните низ државата ги споделуваат своите ставови за пропаднатиот обид за пуч и соработката на СДСМ со странски тајни служби.
Грчкиот националистички портал Newsbomb на движењето за одбрана на Македонија му замери и за тоа што опозицијата ја класифицирале како предавничка, наспроти патриотите од ВМРО-ДПМНЕ, но и за тоа што алудирале на вмешаност на Грција во аферата “Пуч”. Признанието на Заев дека соработувал со тајни служби и тоа што 18 пати пеш ја мина македонско грчката граница, целосно се занемарува.
“Верниците” од анти-грчката невладина организација ги повикаа сите граѓани да ги маргинализираат и прогонат “предавниците на Македонија”, коментира грчкиот портал.
Освен на Грците, ставовите на членовите на движењето за одбрана на Македонија им пречат и на одредени меѓународни претставници. Претставништето на ОБСЕ во нашата земја кое што се чини дека само во теорија, но не и во пракса се залага за слободно новинарство, се закани со санкции за сите медиуми кои што ќе соработуваат со еден од членовите на ГДОМ, новинарот Миленко Неделковски.
За Груевски и ВМРО- ДПМНЕ пак, Newsbomb коментира дека биле националисти, тврдејќи дека македонската владата била екстремно десничарска. Претходно, дел од грчките медиуми информираа и дека преку “Пуч” западните сили го казнуваат Груевски, обидувајќи се да го симнат од власт, меѓудругото и за тоа што не и попушта на Грција во однос на менувањето на уставното име и идентитетот. Ваквите тези објавени во неколку влијателни грчки медиуми, фрлија дополнително светло врз дилемата што е она што македонската опозиција, меѓудругото, им го ветила на странските служби во замена за власт во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.