Грците оштетиле уште едно македонско возило

Во текот на вчерашниот ден, на граничниот премин „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето Т.Д. од Скопје во чија сопственост е возилото марка „Форд – Ескорт“ на кое е скршено задното стакло од десната страна на возилото.

Оштетувањето се случило на 10.09.2014 година во туристичкото место Неа Каликратија, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција.

Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно шест, а досега регистрирани се и тринаесет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Р.Грција.