среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

Грците со поддршка за СДСМ: Задоволство во Атина поради уништувањето на македонските споменици

прототема

Последни вести

Дел од грчките медиуми со нескриено задоволство информираат дека на протестите во организација на опозициската СДСМ, биле уништени спомениците со македонски симболи, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
“Демонстрантите ги уништија кич спомениците во Скопје”, е насловот во весникот Прототема, под кој што авторот задоволно  пишува за уништувањето на портата Македонија на која што меѓудругото се наоѓале и аспекти од сонцето од Кутлеш.
“Во суштина таа е апотеза на кич, со оглед на тоа што е со структура од рамка од железо и гипс, а на неа се истакнати аспекти од 16 кракото сонце од Вергина и други иредентистички содржини, спротивно на Времената спогодба со Грција”, се вели во текстот на Прототема.
Проектот Скопје 2014 та немал естетика, а бил правен со намера да се смени историјата –  грчките медиуми и македонската опозиција се со идентични ставови во врска со проектот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
 
 “Амбициозниот проект Скопје 2014 та  во суштина го трансформираше главниот град во Дизниленд преку големи и мали проекти со сомнителна естетика. Тој практично претставува екстремно искажување на политичката хегемонија на неодамнешниот премиер Никола Груевски и намерата да ја смени историјата, општеството и естетиката на земјата, како што се жали и опозицијата”, пишува Прототема.
Освен проектот, грчките медиуми ја критикуваат и одлуката за помилување од страна на претседателот Ѓорге Иванов, нарекувајќи ја контроверзна.
Огромен број на новинари, аналитичари и експерти ширум светот предупредуваат дека обидите за државен удар и соборување на демократски избраната власт меѓудругото, се должат и на непопусливоста на владеачката партија на чело со Никола Груевски во однос на барањата за промена на уставното име и идентитетот, наспроти опозицијата која што нуди концепт на свиткана кичма пред се за ова, но и за многу други прашања.

Најчитани вести