Грците сакаат предвремени избори

Во Грција се зголемува бројот на избирачите, кои сметаат дека е потребно организирање на предвремени парламентарни избори, пренесуваат локалните медиуми.

Ова го покажува последното истражување на агенцијата „Публик инфо“, според кое ако изборите се одржат утре радикалната левица СИРИЗА ќе освои 30 отсто од гласовите. По неа е Нова демократија со 28,5 отсто, а нацистичката Златна зора ужива поддршка од 8,5 отсто.