Грците се мобилизираат за името – „Македонија е грчка” одекнуваше во Парламентот

Грците се мобилизираат за името – „Македонија е грчка
Грците се мобилизираат за името – „Македонија е грчка" одекнуваше во Парламентот
Проблемот што Атина го има со нашето уставно име се искачи високо на агендата на грчката политичка сцена, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас преку писмо побарал лидерите на политичките партии да се изјаснат околу ставовите за решението.
Од грчкото Минстерство за надворешни работи ја потврдија автентичноста на писмото, кое што го објави Златна Зора, нагласувајќи дека ниту еден од лидерите досега не одговорил на барањето на Коѕиас.
Во однос на нерешеното прашање за името на пј Р Македонија, грчката страна работи конзистентно и одговорно за наоѓање на заемно прифатливо решение. Во овој контекст и како продoлжение на размената на ставови што ја имавме со претставниците на партиите на нашиот последен состанок, со задоволство би ги чуле ставовите на вашата партија за конкретните имиња што би се сметале за прифатливи и за другите прашања за кои што треба да пресуди нашата страна, се вели во писмото на Коѕиас, кое што предизвика конфронтација со опозицијата.
Лидерот на Нова Демократија, Евангелос Меимаракис, писмото на Коѕиас го коментира како наивно и опасно, а за тоа кој е ставот на неговата партија најдобро говори неговото тврдење дека Македонија била наводно грчка, кое што беше поздравено со громогласен аплауз од сопартијците во Парламентот.
Не се осмелувајте да ги допирате опасните играчки. Македонија е грчка. Овие прашања се дискутирани и  решени и за не треба да бидат предмет на дискусија, изјави Меимаракис.

Идентична порака неодамана упати и шефот на државата Прокопус Павлопулос. Ставот дека Македонија е наводно грчка, го делат и владеачката Независни Грци и опозициската Златна Зора и тој подразбира решението и воошто да не го содржи терминот Македонија.

Најтиражните грчки весници веќе некој период информираат за зголемена мобилизација во однос на прашањето за името и притисок пред се од САД, но и од ЕУ.
Весникот “Катимерини”, повикувајќи се на доверливи документи, информираше дека САД вршеле притисок за решавање на спорот, во прв ред преку помошникот државен секретар Викторија Нуланд.
Весникот “Етнос” пак, неодамна пишуваше дека САД и ЕУ барале спорот да се реши во следните месеци, со цел Македонија да стане член на НАТО и дека Коѕиас подготвувал храбри идеи и инцијативи во разговорите за решение. Овој притисок според “Етнос”, се очекува да се зголеми во следните месеци.