Грците се пред суспензија – го пропуштаат ЕП?!

Неисплатени финансии кон поранешниот селектор се можна пречка за учество на нашите јужни соседи на Европското кошаркарско првенство во 2015 година.

Имено, грчката кошаркарска федерација мора да му исплати 110 илјади евра на поранешниот селектор Андреа Тринкиери или ќе се соочи со суспензија поради која нема да може да настапи на ЕП 2015.

Како што пренесува грчкиот веб портал “Спорт 24” италијанскиот стратег Тринкиери, ја добил тужбата која ја покренал пред кошаркарскиот Арбитражен суд на ФИБА, па грчката федерација се соочува со суспензија од сите натпреварувања на ФИБА се додека не го исплати Италијанецот.

грција баскет

Тринкиери кој на почетокот на 2013 година беше именуван за селектор, а по лошиот настап на ЕП во Словенија, минатото лето беше заменет со Фоцис Кацикарис. Договорот на Италијанецот со Грчката кошаркарска федерација бил вреден 220.000 евра, но досега му биле исплатени само 50.000.

Инаку, машката сениорска репрезентација на Грција треба да настапи на ЕП 2015 година во загрепската група Ц , во која за противници покрај Македонија треба да ги има и селекциите на Хрватска, Словенија, Грузија и Холандија.