Грците во Македонија формираа свое здружение

Грците во Македонија формираа свое здружение
Грците во Македонија формираа свое здружение

Со Грчко узо и македонско црвено вино, звуците од гитарата на Стефановски и песните на Каролина  Гочева  започна работата на првата заедница на Грците во Скопје. Обединети за подобра иднина е пораката која промивираат. Без мешање во политиката, преку културата се надеваат дека ќе успеат да ги зацврстат односите помеѓу народите од двете земји, објави ТВ „Сител’“

Нашата заедница со позитивен дух ќе може да придонесе кон зацврстуивање на односите. Во иднина ќе ги бараме поврзувачките елементи кои би можеле да ги зацврстат односите помеѓу граѓаните, вели Никос Фрагопулос, претседател на ЗГС.

Можеби е задоцнето но секогаш е добро да се направи чекор напред. Амбасадорот Лалакос се надева дека оваа заедница ќе успее во своите намери. Ќе ја добијат поддршката за полесно да ја постигнат целта. Големиот број на грци кои живеат во Македонија, но и се поголемиот процент на мешани бракови ја оправдува потребата од формирање на оваа заедница.

Статистиките покажуваат дека бројот на мешани бракови е голем и мислам дека има зрели услови за постоење на една ваква заедница во Скопје која ќе биде со активности како во другите земји со културно образовен карактер. Се надеваме дека заедницата ќе направи подобра соработка на полето на културата. Од наша страна ќе сториме се за тоа, амбасадата ќе биде пријател и соработник, нема да биде водачот во работата на заедницата но сакаме да имаме тесна братска соработка, порача амбасадорот на Грција Теохарис Лалакос.