Грците во паника: Ако се спроведат реформите голем број луѓе би завршиле на улица

Кредиторите говорат дека треба да се олесни заплената на имотот за банките да може да ги исчистат лошите позајмици, додека владата е загрижена дека на тој начин голем број луѓе би завршиле на улица. Ниту последните преговори на Грција и кредиторите кои што се водеа во текот на изминатиот викенд, не доведоа до договор за исплата на две милијарди евра помош.

Денес нема да има договор за исплата на две милијарди евра за Грција, изјави за Франс Прес европски извор пред почетокот на состанокот на министрите од еврозоната и додаде дека преговорите кочат поради прашањата за заплена на имот, пренесува Б92.

Истите извори вчера соопштија дека дополнителниот ветен износ неможе да биде исплатен додека не се спроведе „првиот дел од реформите кој често е и најболен“.

Големиот пораст на ненаплатливи позајмици за време на финансиската криза се појави како едно од клучните прашања во преговорите.

Кредиторите говорат дека треба да се олесни заплената на имотот за банките да може да ги исчистат лошите позајмици, додека владата е загрижена дека на тој начин голем број луѓе би завршиле на улица.

Левичарската влада на Алексис Ципрас вети дека, според договорот со кредиторите од август годинава, во вреност од 86 милијарди евра ќе го реформира пензискиот систем и ќе ги реши проблематичните позајмици за да ги исполни барањата на кредиторите и да ја добие финансиската помош и пристапот до фондовите за помош на банките.

Инаку, министрите за финансии од Еврозоната денеска ќе одржат месечен состанок во Брисел каде на дневен ред ќе биде токму Грција.