Грците во пензија со неполни 58 години

Просекот на старост на која граѓаните на Грција се пензионирани изнесува 57 години и осум месеци, покажуваат резултатите од истражувањето кое што го спроведе Грчкиот завод за статистика.

Заводот во истражувањето користел податоци од кварталните извештаи за периодот од април до јуни минатата година за луѓе на возраст од 50 до 69 години и дошле во многу интересни заклучоци.

Просечната старост за заминување во пензија кај мажите е 58 години, а кај жените неколку месеци помалку. Само 28,3 отсто од испитаниците навеле дека задолжителното пензионирање како главна причина е нивното излегување од пазарот на труд.

Скоро шест од десет анкетирани лица ги исполниле условите за пензии, додека 5,7 отсто од пензионерите отишле во пензија поради здравствени проблеми.