Грчка „Вориа“: Зоран Заев како премиер може да ја федерализира земјата

Водството на СДСМ се залага за федерализација на Македонија е информација што деновиве се пласира и во грчката јавност, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Во анализа на онлајн магазинот „Вориа“ посветена на последниот развој на настаните за името, авторот со препорака до грчките власти да не избрзувале со постигнување на договор, бидејќи големи биле шансите за федерализација на Македонија што може да биде сторено од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, како потенцијален премиер.
Да се искористи времето во наша корист и да не се потпишува болен договор, што ќе им го продолжи векот на елементите кои што сега се присутни во Скопје. Шансите наскоро да станат федерација на словенското и албанското население се многу големи, а тоа може да е и намера на господинот Заев, сега опозициски лидер и потенцијален премиер, по изборите во април, се вели во текстот.

АНА-МПА: Гласачите го преферираат Никола Груевски

Сепак, за грчката државна новинска агенција АНА-МПА се чини нема дилема дека на предвремените избори победник ќе биде владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во извештај за престојната посета на Еврокомесарот Јоханес Хан и изборите во април, АНА-МПА пишува дека граѓаните и натаму го преферираат премиерот Никола Груевски.
Груевски, кој што е на власт во земјата од 2006 та година и кој што беше критикуван за недемократски методи и постапки одвнатре, продолжува да претходи во однос на преференциите на гласачите…, се вели во текстот на АНА- МПА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.