Грчката компанија „Крета Фармс“ од јануари влегува во Македонија

„крета фармс“

Производите ќе се пласираат во супермаркетите во Македонија од јануари преку стратегиски договор со локален партнер.

Во соопштението, „Крета Фармс“ истакнува дека одлуката е донесена врз основа на исклучителните резултати за широкото прифаќање на нејзините „Ен Елади“ производи во Република Македонија, серија производи со кои фирмата е лидер во Грција.

Влезот во Република Македонија, во комбинација со Романија и Бугарија, создава плодна почва за понатамошно развивање на активностите на ‘Крета Фармс’  во поширокиот регион на Балканот“, велат од компанијата.

Фирмата информира дека двете страни ќе поддржат одредена рекламна кампања и истакнува дека нејзин партнер во Република Македонија е еден од најголемите дистрибутери во земјата кој опфаќа мрежа од 2.581 продажни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.