Грчкaта опозиција го отфрла предлогот Република Илинденска Македонија како иредентистички

Лидерот на грчката опозициска партија Нoва демократија, Кирјакос Мицотакис, и поранешниот министер за надворешни работи, социјалистот Евангелос Венизелос го отфрлија предлогот „Република Илинденска Македонија” како иредентистички, пишува во петокот електронското издаение ekathimerini.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонски разговор го информирал Мицотакис за името за кое разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев во Софија, но реакцијата од опозицискиот лидер била негативна.

Според извори од Нова демократија терминот Илинден е историски и директно поврзан со напорите да се создаде „македонска” нација која го вклучува Солун и се протега до Егејското Море.

Од друга страна, Венизелос рекол во парламентот дека тоа име е „олицетворение на иредентизам”.

„Илинден се однесува на антинацистичко востание на Балканот во 1944 година, кое, сепак, се обиде да го обедини географското подрачје на Македонија, вклучувајќи ги и делови од Грција“, се појаснува во написот.

Ципрас, наводно, му кажал на Заев дека новиот предлог за името му треба извесно време да се обработи и ја нагласил потребата очекувањата да се намалат на ниско ниво.