Грчката опозиција нема да го поддржи договорот додека Македонија не го смени уставот

Грчката конзервативна политичка опозиција нема да го поддржи договорот за решавање на спорот за името со Македонија се’ додека Скопје не го промени својот Устав, изјави во четвртокот опозицискиот челник Кирјакос Мицотакис.

„Ќе го изразиме своето несогласување во парламентот, доколку и кога ќе дојде таков договор“, изјави лидерот на опзоциската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, чијашто партија во најновите анкети има поголем рејтинг од владејачката левичарска Сириза.

„Уставните промени се неопходниот услов за ваквиот договор“, додаде Мицитакос истовремено кога шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Охрид се сретна со својот македонски колега Никола Димитров каде што заклучи дека „има напредок, но оти тепките прашања остануваат“.

Промените кои ги посакува Нова демократија се однесуваат на поглавјата од македонскиот Устав кои ја опфаќаат националноста и јазикот, како и други поглавја. Во секој случај грчката влада во моментов може да ги прифати секој договор и без поддршката од Нова демократија.

Мицотакис, исто така, ја обвинува владата на премиерот Алексис Ципрас дека води „тајна дипломатија“ и оти потоа ги известува политичките партии од опозицијата и истакнува дека таквата тактика ги разделува Грците.