Грчката полиција ги отстрани мигрантите од границата

Грчката Полиција со автобуси ги пренесува мигрантите од Идомени
Грчката Полиција со автобуси ги пренесува мигрантите од Идомени

Грчката полиција ги острани мигрантите од границата. Заврши десетчасовната операција на грчката полиција за отстранување на мигрантите, кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија, јавија грчките медиуми.

Околу 650 мигранти биле превезени со 14 автобуси. Голем дел од нив се од Иран и Мароко, според претставници на хуманитарната група Лекари без граници, преместувањето „се чинело мирно“.

Судири на мигрантите со полицијата на Идомени
Судири на мигрантите со полицијата на Идомени

Полицијата го затвори преминот со цел да ги пренесе мигрантите во Атина. Тие таму ќе бидат примени во кампови за мигранти а ќе треба да поднесат барања за азил во Грција. Се очекува дека во Грција ќе се засолнат околу 1.200 лица, јавува „Катимерини“.

Весникот повикувајќи се на информации од грчката полиција информира дека 10 лица се приведени затоа што пружале отпор на преместувањето.

Акцијата, во која учествуваа 350 полицајци, помина без инциденти, а повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.