Грчката полиција крвнички ги тепаше гостинските навивачи на Баерн

Грчката полиција крвнички ги тепаше гостинските навивачи

Пред мечот од ЛШ меѓу Олимпијакос и Баерн Минхен можеа да се проследат немили сцени на стадионот во Атина, откако навивачите на Баерн изедоа ќотек од грчката полиција.

Причините за инцидентот барем засега не се познати, но полицајците тргнаа во офанзива со пендреци против фановите на актуелниот првак на Германија.

По објавувањето на ова видео, социјалните мрежи се преплавени со пораки од Германците „Не тепаат со опремата која ние им ја купивме“, алудирајќи на финансиската помош што Германија и ја даде на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.