Грчката полиција пронајде оружје кај лидер на екстремно левичарска група

Грчката полиција пронајде оружје во скривалиште на уапсениот член на левичарската екстремистичка група Пола Рупа. Полицијата пронашла две пушки, два пиштоли и четири рачни бомби како и куршуми.

Рупа (48) била во бегство од 2011 година, а уапсена во четвртокот во Атина заедно со 25-годишниот Константин Атанасопулу. Две жени почнаа во петокот заедно со партнерот на Рупа, Никос Мазиотис, штрајк со глад тврдејќи дека властите го држат како заложник 6-годишниот син на Рупа и Мазиотис.

Рупа и Мазиотис се прогласени за виновни поради учество во терористички акции меѓу кои и испукување проектил од рачен фрлач врз американската Амбасада во Атина во 2007 година.

Рупа е лидер на екстремно левичарската група Револуционерна борба која презеде одговорност за низа напади. Рупа и нејзиниот соработник Никос Мазиотис биле уапсени во 2010 година, но пуштени на условна слобода до почетокот на судење во 2011 година, по што исчезнале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.