Грчката полиција пронајде оружје кај лидер на екстремно левичарска група

оружје

Рупа (48) била во бегство од 2011 година, а уапсена во четвртокот во Атина заедно со 25-годишниот Константин Атанасопулу. Две жени почнаа во петокот заедно со партнерот на Рупа, Никос Мазиотис, штрајк со глад тврдејќи дека властите го држат како заложник 6-годишниот син на Рупа и мазиотис.

Рупа и Мазиотис се прогласени за виновни поради учество во терористички акции меѓу кои и испукување проектил од рачен фрлач врз американската Амбасада во Атина во 2007 година.

Рупа е лидер на екстремно левичарската група Револуционерна борба која презеде одговорност за низа напади. Рупа и нејзиниот соработник Никос Мазиотис биле уапсени во 2010 година, но пуштени на условна слобода до почетокот на судење во 2011 година, по што исчезнале.