Грчката полиција употребила солзавец врз бегалците на Лезбос

Полицијата употребила солзавец врз мигрантите што протестирале на грчкиот остров Лезбос, јавува „Раша Тудеј“ повикувајќи се на информациите од социјалните мрежи.

Според  фотографиите објавени на Твитер, очигледно е дека има голем пожар во кампот во Морија. Протестот наводно почнал откако полицаец удрил дете.

Во Грција во моментов има над 50.000 бегалци кои се заглавени таму по затворањето на балканската рута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.