Грчката православна црква не прифаќа термин Македонија

Грчката црква со слово и крв на свештенството и народот има сведочено за грчкиот карактер на Македонија од античко време, затоа не може да прифати доделување на терминот „Македонија“ или изведени зборови како компонента во името на друга држава, што ќе има влијание и во името на расколничката самопрогласена црква на „Македонија“. Исто така, очекуваме од одговорната грчка влада, која управува со прашањето, да ја разбере загриженост на црквата, која е загриженост и на вселенскиот хеленизам, соопштуваат од Грчката православна црква, пренесува МИА.

Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името. Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчката ТВ ЕРТ, Светиот синод ќе испрати и допис до грчкиот премиер Алексис Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата.

По повод засилената дипломатска раздвиженост за името Светиот синод на ГПЦ, како што јавува дописникот на МИА од Атина, соопштува дека ја дели агонијата и на архијереите од грчката област Македонија, но и на народот, а со нејзината одлука од вчерашната и денешната седница потсетува кои се позициите во однос на разговорите за името.

Паралелно, преку соопштение до медиумите, ги изразува ставот и заклучоците од состанокот и бара од грчката влада да ја разбере нивната загриженост.

„Грчката црква со слово и крв на свештенството и народот има сведочено за грчкиот карактер на Македонија од античко време, затоа не може да прифати доделување на терминот ‘Македонија’ или изведени зборови како компонента во името на друга држава, што ќе има влијание и во името на расколничката самопрогласена црква на ‘Македонија’. Исто така, очекуваме од одговорната грчка влада, која управува со прашањето, да ја разбере загриженост на црквата, која е загриженост и на вселенскиот хеленизам, соопштуваат од Грчката православна црква“, пренесува МИА.

На крајот од дводневната седница, грчкиот архиепископ Јеронимос, рече рекол дека црквата има право да се интересира за конкретното прашање, поради огромната раздвиженост што постои, и поради тоа што не е само национално, туку и црковно прашање.

„Не е само национално, не е само политичко, туку е општо прашање, но нас нѐ засега и името на црквата. Затоа што постои опасност она со кое што се соочуваме од политичка, национална страна, потоа да се префрли и на црквата“, изјавил грчкиот архиепископ Јеронимос Втори.

Во вторникот архиепископот во текот на првиот ден од работните активности на Светиот синод, рече дека црквата не може да биде рамнодушна. Според грчката државна телевизија ERT, Светиот синод на Грчката православна црква, ќе испрати допис до Алексис Ципрас за да ги изрази позициите и загриженоста во однос на името.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.